Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата финансиски ќе помогне на Грција, Заев изрази сочувство до грчкиот народ

Владата финансиски ќе помогне на Грција, Заев изрази сочувство до грчкиот народ

Владата денеска донесе одлука да испрати финансиска помош од шест милиони денари до грчката Влада, за справување со катастрофалните пожари што овие денови ја зафатија пошироката околина на главниот град Атина.

Владата дополнително донесе одлука да формира координативно тело кое на дневно ниво ќе ја следи состојбата и ќе координира соодветна хуманитарна помош, што ќе се договори како потреба со надлежните институции во Грција и со градот Атина.

„Нашите граѓани со длабока тага ги примаат вестите за големите загуби и жртви од катастрофалните пожари во Грција, во околината на Атина. Изразуваме сочувство до пријателскиот грчки народ и длабока жалост за загубените животи до сите семејства кои во оваа ужасна трагедија загубија свои блиски и пријатели. Со одлука на Владата на Република Македонија денеска издвоивме 6 милиони денари како интервентна помош која ја ставаме на располагање на грчките владини институции одговорни за справување со пожарите. Дополнително, Владата донесе одлука да формира координативно тело кое на дневно ниво ќе ја следи состојбата и ќе координира соодветна хуманитарна помош, што ќе ја договориме како потреба со надлежните институции во Грција и со градот Атина. Остануваме и со мислите во борбата против огнената стихија со која се соочува Република Грција“- напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук. 

Владата денеска донесе одлука за финансиска помош во иста висина, од шест милиони денари, да биде испратена и до Владата на Јапонија за поддршка во справувањето со последиците од земјотресот што неодамна ја погоди оваа земја

фото Танјуг

Слично

Поврзани вести