ВЛАДАТА Е РЕШЕНА: Ќе го реформира упрвувањето со јавните пари
Власта е решена да го реформира управувањето со јавните пари.
На денешната седница таа го усвила Акцискиот план за спроведување на Програмата за реформа на управувањето со јавни финансии за 2020 година.
„Како дел од заклучоците од оваа точка Владата ги задолжи Министерството за финансии, Министерството за економија, Управата за јавни приходи, Царинската управа, Бирото за јавни набавки и Државниот завод за статистика, а им препорача на Државната комисија за жалби по јавни набавки и Државниот завод за ревизија да ги реализираат активностите од Акцискиот план за спроведување на Програмата за реформа на управувањето со јавни финансии за 2020 година согласно планираната динамика и за истото да ги обезбедат потребните ресурси (материјално - технички, човечки и финансиски)“, се вели во владиното соопштение.
