Владата дозволи да се шетаат домашните миленици за време на полицискиот час
Владата на денешната седница ја измени уредбата за ограничување на движењето за време додека трае епидемијата на корона вирусот, со што им овозможи на љубителите на домашните миленици тие да можат да ги изнесат надвор со цел да ги извршат физиолошките потреби додека трае полицискиот час.
За време на викендите дозволено е шетање на милениците од 20:00 до 20:30 часот, најмногу до 100 метри оддалеченост од живеалиштето, без групирање, гласи одлуката на Владата.
Тоа значи дека во сабота и недела за љубитрелите на миленици останува да важи ограничувањето на движење од 16.00 до 20.00 часот и од 20.30 до 05.00 часот утредента.
Во моментов Владата на седницата размислува за уште еден сет на мерки за ограничување, а за утре се најавени економските мерки.
