Владата донесе Одлука за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Македонија
На денешната 89-та седница, Владата донесе Одлука за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Северна Македонија, на предлог на Министерството за одбрана.
Ова е со цел реализирање на обука во блиска воздушна поддршка со воздухоплови на вооружените сили на САД на Армискиот полигон „Криволак“.
„Обуката, којашто е предвидено да се реализира на 15, 19 и 21 октомври 2022 година на Армискиот полигон „Криволак“, е во организација на вооружените сили на Соединетите Американски Држави и има за цел зголемување на интероперабилноста помеѓу НАТО и Република Северна Македонија“, соопштија од Владата.
Слично
