Владата донесе одлука за одземање на државјанството на Онишченко
Владата извести дека на денешната седница одлучи да се поништи одлуката да му се додели македонски пасош на контроверзниот Украинец, Олександр Онишченко, кој се наоѓа на црната листа на САД.
Одлуката е донесена на основа на можноста што ја дава Законот за државјанство на кој се повикува Владата.
„Владата ја донесе одлуката откако го разгледа известувањето од Министерството за внатрешни работи, во кое што се информира за можноста за одземање на веќе дадено државјанство, што беше побарано од страна на Владата, на претходна владина седница“, се вели во соопштението.Министерството за внатрешни работи е задолжено да постапи веднаш по донесената одлука за поништување на одлуката за прием на Онишченко во државјанство на Република Северна Македонија.
Слично
