Владата демантира дека ќе ја легализира марихуаната за уживателите
Како чиста шпекулација Владата јја искометира веста на ТВ 21 дека ќе се легализира употребата на марихуаната во Македонија.
-Станува збор за дезинформација. Не постојат тековни владини анализи за легализирање на марихуаната за рекреативни цели. Владата останува на почитување на постоечката регулатива со која во земјата е дозволено производство на канабис исклучиво во медицински цели, се вели во реакцијата.на Владата по веста дека заради обезбедување на поголем девизен прелив од туристи е подготвена да го легализира нејзиното користење кај уживеталите, објави ТВ21.
Според изворите на кои се повикува телевизијата, веќе се направени економските анализи за исплатливост и односот на тоа колку ќе се добие а колку ќе се изгуби од ваквиот потег, бидејќи се очекуваат негативни реакции од конзервативната јавност.
За почеток тоа ќе се случи во туристичките места Охрид и Струга, што значи дека ограничувањето ќе се сведе на одредени локации.
Во Македонија,канабисот само се одгледува и тоа за медицински цели.
