Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЛАДАТА ДАВА ВАУЧЕРИ ЗА СТУДЕНТИТЕ, ТИЕ ГИ ПРОДАВААТ И ПЕЧАЛАТ ОД НИВ: Масовно се нуди државната помош на социјалните мрежи

ВЛАДАТА ДАВА ВАУЧЕРИ ЗА СТУДЕНТИТЕ, ТИЕ ГИ ПРОДАВААТ И ПЕЧАЛАТ ОД НИВ: Масовно се нуди државната помош на социјалните мрежи

Државната мерка чија цел е да го подобри студентскиот стандард и да ја засили дигитализацијата во високото образование, добива сосема поинаква примена од она што било замислено.  Деновиве, на социјалните мрежи масовно се продаваат ваучерите кои студентите ги земаа од државата.

Врие од огласи по социјалните мрежи, а се продаваат и веќе купените уреди.

Најсвежиот пример е од групите за купопродажба на „Фејсбук“. Таблет „Samsung Galaxy Tab S6 Lite“, купен на 18.11.2025 во 11:58 часот, истиот ден е ставен во оглас за продажба. Уредот е целосно неотпакуван, со приложена сметка, а цената е 15.300 денари – нешто пониска од малопродажната. Студентот отворено наведува дека сака „готови пари“.

Шемата е едноставна:

  • студентот го користи државниот ваучер,

  • уредот го чува неотпакуван,

  • потоа го продава со мала загуба, но добива брза ликвидност.

Купувачите пак, добиваат нов таблет по значително пониска цена. Така државната мерка, наместо да го подобри пристапот до технологија за студирање, станува брз начин за готовина.

Овој тренд отвора сериозни дилеми за ефективноста на проектот. Критичарите предупредуваат дека ваквото препродавање ја обезвреднува целта на мерката и предлагаат построги механизми за контрола – како ограничување на препродажба во период од најмалку 6 или 12 месеци, или врзување на уредот со личен сериски број поврзан со студентот.

Додека институциите не воведат дополнителни контроли, огласите со „нови, неотворени таблети“ ќе продолжат да се множат по секое доделување ваучери – а државната помош ќе завршува на сивиот пазар наместо на студентските работни маси.


Слично

Поврзани вести