Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата даде детали за договорот со БЕСА

Владата даде детали за договорот со БЕСА

Ја информираме јавноста дека е постигнат договор со кој се надминати разликите за коишто информиравме дека постојат, стои во заедничкото соопштение испратено од Бладата и партијата БEСА.

  • Уште еднаш потврдуваме дека државјанството е македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, при тоа прифатен е амандман на Уставниот закон со кој се потврдува државјанството македонско/граѓанин на Република Северна Македонија и се појаснува како ќе гласи за граѓаните Албанци на албански јазик, и ќе се утврди во сите закони каде што е тоа потребно.
  • Истовремено, се прифати амандманот на уставниот амандман XXXVI со кој се потврдува дека Републиката подеднакво води грижа за дијаспората на сите свои граѓани.
  • Дополнително во законот за лична карта ќе се впише и етничката припадност на граѓаните.
  • За сите други работи кои беа предложени како амандмани ќе бидат повлечени затоа што правно формално не е можно да се реализираат сега, а остануваме посветени во идно време да работиме на нивно решавање со цел да ги отстраниме и таквиот вид на проблеми со кои се соочуваат граѓаните, а заради постигнување на заедничките европски вредности, соопштуваат од Владата и од БЕСА.

Слично

Поврзани вести