Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ВЛАДАТА ДА ГО ОБЈАВИ СПИСОКОТ НА ПАТНИЦИ ВО ВЛАДИНИОТ АВИОН“: СДСМ бара одговори за лицата кои патувале со Мицкоски

„ВЛАДАТА ДА ГО ОБЈАВИ СПИСОКОТ НА ПАТНИЦИ ВО ВЛАДИНИОТ АВИОН“: СДСМ бара одговори за лицата кои патувале со Мицкоски

Опозициската СДСМ денеска повторно бара одговори околу користењето на владиниот авион, поточно бараат инфомрации за патниците кои патувале и го користеле авионот. 

- Владата на Мицкоски, во обид да го оправда неговото луксузирање со владиниот авион на Јадранското Море, соопшти јавно дека наводно „авионот бил користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење“ и дека „секое користење е евидентирано, документирано“ - се вели во соопштението од СДСМ.

Потоа додаваат, „ако навистина авионот бил користен согласно процедурите, бараме Владата да го докаже тоа'. 

- Бараме Владата да го објави списокот на патници, кој бил заедно со Мицкоски во владинот авион - се наведува во нивното соопштение испратено утрово до медиумите. 


Слично

Поврзани вести