ВЛАДАТА: ЧЕТИРИ НОВИ ИНВЕСТИЦИИ ОД ФОРМИРАЊЕ - се очекуваат над 1.500 вработувања, меѓу нив и „BMZ Group“
Од Владата утрово испратија мејл со кој се пофалија дека „за само два месеци донесени се 4 странски инвестиции и нови над 1500 вработувања“.
Во соопштението испратено до медиумите се напоменува дека првата инвестиција која ја промовирал претседателот на Владата Хрисијан Мицкоски само еден ден по формирање на Владата.
- Станува збор за изградба на ветерници во државата со капацитет до 400MW на „Aлказар Енерџи“ во вредност од 500 милиони долари. Оваа инвестиција ќе се реализира во општините Радовиш, Штип и Карбинци, а ќе бидат инсталирани 55 ветерници и 630 нови вработувања, со што 100.000 граѓани ќе се снабдат со електрична енергија - стои во соопштението.
Втора инвестиција која ја посочуваат е германско-белгиска на „Епсотех Аим“ за изградба на развојно истражувачки центар, алерти центар во индустриско-технолошките зони на територијата на Општина Петровец. Вредноста на инвестицијата е 20 милиони евра и нови 110 вработувања.
- Третата странска инвестиција е за производство на сопирачки за шински возила на американскиот „Вебтек“ во вредност од 35 милиони евра. Со оваа инвестиција ќе се отворат нови над 100 вработувања, а истата ќе се реализира во Технолошко индустриско развојната зона Скопје.
И четврта инвестиција која ја донесе Владата е производство на литиум јонски батерии во Технолошко индустриско развојната зона Скопје. Инвестицијата на германската компанија „BMZ Group“ е во вредност од 65 милиони евра и отвора нови 700 вработувања - се наведува во соопштението.
Притоа потенцираат дека „уште во првите два месеци се гледаат позитивните ефекти од владеењето на Владата и Претседателот Христијан Мицкоски. Приоритет на Владата е силен економски развој и целосна трансформација на државата, се со цел поквалитетен и подобар животен стандард на граѓаните. Владата и во иднина ќе продолжи да работи на носење на нови странски инвестиции и отворање на нови работни места“.

Сепак, од Владата изумија да кажат дека договорот со германската „BMZ Group“ во вредност од 65 милиони евра го потпиша вицепремиерот на претходната Влада, Фатмир Битиќи. Дури и на денот на поставувањето на камен темелникот, самиот премиер му се заблагодари на Битиќи за договорот.
Што се оденсува пак до инвестицијата на американската Вабтек, за неа се огласи поранешниот директор на ТИРЗ Јован Деспотовски, кој тврдеше дека две години тимот на ТИРЗ работи со компанијата за новата инвестиција.
- Повеќе од две години со тимот од ТИРЗ работевме заедно со оваа компанија, која веќе вработува над 350 наши сограѓани. Се боревме заеднички со предизвиците од различни институции. Институции и политичари кои заборавија дека работат за интересите на државата и граѓаните. Се боревме и на суд, каде добивме заедно со компанијата. Одлуката сè уште не е спроведена. Сепак, добро е што овие предизвици се сега минато. И затоа заслужува да се поздрави решеноста на Владата „да пресече“ и оваа инвестицијата која е важна за сите граѓани да се случи. Честитки за сите - напиша Деспотовски.
Слично