Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата чека одговорност од Антикорупциска за последниот скандал

Владата чека одговорност од Антикорупциска за последниот скандал

Засега од Владата нема конкретни чекори во поглед на дел од членовуте на Комисијата за спречување на корупција за кои постојат сомнежи дека ги злоупотребиле надлежниостите за надомест на патнитре трошоци. Од Владата посочуваат дека и Антикорупциска треба да преземе одговорност за да се следи принципот на нулта толеранција за корупцијата.

- Владата на Република Македонија го следи принципот на нулта толеранција за корупција. Во изминативе седум месеци покажавме дека не постои толеранција кон именуваните функционери кои имаат покажано неодговорно трошење на парите на граѓаните и сите кај кои беше утврдена таква состојба поднесоа одговорност. Истовремено Владата постојано укажува дека одговорното трошење на буџетските пари треба да биде почитувано и од сите останати јавни функционери како што беше примерот со Државната изборна комисија. Очекуваме дека и членовите на Антикорупциската комисија ќе го следат принципот на нулта толеранција за корупција и ќе покажат одговорност имајќи ги предвид последните случувања и имајќи предвид дека тоа е суштината на нивната работа - велат од Владата на Република Македонија. 

Веќе е откриено дека во ревизијата на УЈП се констатирани нерегулараности во работењето на Комисијата, каде нејзини членови ненаменски трошеле буџетски средства.

Во ревизорскиот извештај е констатирано дека на члeнови од Комиисјата им биле исплаќани патни трошоци за доаѓање на седници, а исплатата се вршела врз основа на неверодостојни патни налози. Потоа, некои од нив воопшто не доаѓале на работа, туку само на седници, и биле поднесувани по три патни налози за ист ден.

Исто така еден член пријавил дека треба да земе 350 евра кирија за наем стан и превоз, а всушност плаќал по 100 евра за кирија, додека пак други трошеле пари за ручеци и производи.

Слично

Поврзани вести