Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЛАДАТА БАРА НОВ „ТИМ“ ВО КОМИСИЈАТА ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ – Кој сака да се пријави има рок од 10 дена

ВЛАДАТА БАРА НОВ „ТИМ“ ВО КОМИСИЈАТА ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ – Кој сака да се пријави има рок од 10 дена

Објавен е оглас за избор на нови членови и нов претседател на Комисијата за хартии од вредност. Како што е наведено во него заинтересираните имаат рок за пријавување до 10ти мај.

Претседателот и членовите на Комисијата се избираат од страна на Собранието на предлог на Владата. Комисијата е составена од пет члена, од кои еден претседател. Мандатот на сите е пет години, со можност за реизбор.

-  Двајца членови професионално ја вршат својат функција во Комисијата, а тројца се надворешни комисионери (членови) на Комисијата кои се ангажираат за вршење на робти во Комисијата, за што им следува надоместок – пишува во огласот.

Членовите кои професионално ја вршат својата функција во Комисијата се со полно работно време и не може да имаат друга функција и да бидат вработени на друго место или да добиваат друг надоместок освен платата, ниту надоместоци од повремени едукативни и авторски хонорари.

Надворешните членови добиваат месечен надоместок кој го утврдува Комисијата.

За претседател може да биде избрано лице кое е државјанин на Македонија, има уверение за завршено високо образование, е експерт од областа на финансиите и деловното право. Потоа треба да поседува еден од меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години. Тој треба да има најмалку пет години работно искуство во областа на финансиите или деловното право и да не е член на органи на политичка партија.

Кандидатите не смеаат ниту да се членови на управен одбор или надзорен одбор или одбор на директори на правно лице над кое контрола врши Комисијата, односно супервизија врши Народната банка. Исто така не смее да биде акционер со над 5 отсто учество во акциите со право на глас во акционерско друштво со посебни обврски за известување и 25 отсто од издадените акции на кое било друго акционерско друштво. Одредено е дека не смее да биде ниту функционер кој раководи со државен орган, ниту пак осудуван за кривично дело пет години пред изборот, или пак за дело предизвикување стечај на правно лице.

Од Владата напоменале дека некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

Владата во огласот не објави детали за платите на идните членови на Комисијата за хартии од вредност. На последниот оглас кој беше распишан во 2019 година платите за членовите на Комисијата се движеа од 32 до 62 илјади денари.

Во актуелниот тим на Комисијата за хартии од вредност се пет лица, од кои претседател е Нора Алити, а внатрешен член покрај претседателката е и Лиле Делиџакова. Надоверешни членови се Душко Гошевски, Кирил Јовановски и Зоран Колев.

П.О.

Слично

Поврзани вести