Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата бара извинување, по информациите дека министри се вакцинирале во странство

Владата бара извинување, по информациите дека министри се вакцинирале во странство

Владата ги демантира тврдењата во изминатиот период дека нејзини членови се вакцинирале против Ковид-19 во странстви, односно во Дубаи, Србија и Албанија, означувајќи ги како лажни.

-Владата најостро ги демантира лажните наводи и тврдења во текстовите за наводно вакцинирање функционери.Категорично тврдиме дека министри и владини функционери не се вакцинирале преку ред како што дезинформираа неколку портали.Изнесените наводи во овој текст се лажни и единствено имаат за цел да го нарушат угледот и достоинството на министрите и носителите на јавни функции на Владата.Категорично демантираме и бараме медиумите со такви текстови да го објават овој демант, со извинување до Владата, како и целосно повлекување на споменатиот текст, а доколку истото не се случи, ќе ги преземеме сите правни и судски мерки, пишува на официјалниот Твитер профил на портпаролот на Владата на РСМ.

Ваквата реакција следи по непотврдените информации дека во странство се вакцинирале Љупчо Николовски, Назим Буши, Артан Груби и Драги Рашковски, додека премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска примиле преку ред од десетината илјади дози кои засега се пристигнати во Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ веќе најави дека ќе побара декласифицирање на информациите преку Собранието за да се види дали членови на Владата ја примиле вакцината.

Слично

Поврзани вести