Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата бара да не се откриваат „инсајдерски“ информации за еврообврзницата

Владата бара да не се откриваат „инсајдерски“ информации за еврообврзницата
Во врска со плановите за издавање еврообврзница, македонската Влада упатува на вчерашната изјава на премиерот Никола Груевски и бара и од останатите субјекти вклучени во процесот во оваа фаза да ги балансираат информациите што ги објавуваат и да не презентираат во јавност информации кои би биле „инсајдерски“. Според владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, причината за ваквото барање лежи во природата на процесот, ценовната сензибилност и влијанието што може да се предизвика со предвремена објава на деталите. „Апелирам и повикувам сите субјекти коишто имаат определена општествена одговорност посветено и одговорно да се однесуваат кон овој процес затоа што тоа би можело да има влијание на определени други аспекти во процесот. Интенција на Владата, институциите и на медиумите е да се обезбедат најдобри услови затоа што тоа ќе биде во корист на сите граѓани“, нагласи Ѓорѓиев. Премиерот Груевски вчера не сакаше да обелодени кој е износот што ќе го позајми Македонија со еврообврзница, но владини извори потврдија дека на Влада била веќе донесена одлука максималниот износ на еврообврзницата да биде 500 милиони евра. Задолжувањето со еврообврзница ќе изнесува половина милијарда евра!
Слично

Поврзани вести