Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЛАДА: Забрана за влез во воздушниот простор на земјава на руските авиокомпании

ВЛАДА: Забрана за влез во воздушниот простор на земјава на руските авиокомпании

Владата на денешната 18-та седница донела одлука да се приклучи на препораките на ЕУ и на земјите членки кои веќе донесоа таква одлука, да воведе забрана за влез во воздушниот простор на територијата на Северна Македонија за авио компании од Руската Федерација.

Од оваа одлука се изземаат хуманитарните и летовите кои се во случаи на итност.

„Владата ја задолжи АД во Државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ да ја отпочне постапката за спроведување на оваа одлука и да ги извести Европските воздухопловни власти за забраната за влез во воздушниот простор на Северна Македонија за авио превозници регистрирани во Руската Федерација“, се вели во владиното соопштение по одржаната седница.

Слично

Поврзани вести