Влада: Украинците ќе може да влезат во Македонија без негативен ПЦР тест
Владата на денешната седница донесе одлука да им се овозможи олеснет влез на украинските државјани во Македонија поради воените дејствија во таа земја.
- На украинските државјани им се овозможува олеснет влез, во смисла да не се покажува негативен ПСР-тест на граничните премини, рече портпаролот Душко Арсовски.
На украинските државјани кои во моментов престојуваат во Македонија ќе им се овозможи продолжување на престојот.
Арсовски дополни дека во моментов се прави анализа за сместувачките капацитети кои би биле понудени, а ќе има и помош за Украина во здравствениот сегмент, особено во делот на донирање на единици крв.
Слично
