Економија, финансии, бизнис

Контакт

Влада: Решен проблемот со наставата во Чашка

Влада: Решен проблемот со наставата во Чашка

Владата соопшти дека Министерството за образование и наука дало позитивно мислење за основање на општинското основно училиште во општина Чашка како трајно решение и со тоа дека е решен проблемот со меѓуетничките тензии и наставата во основното училиште „Тодор Јанев“.

„Наставата на сите ученици во основното училиште „Тодор Јанев“ во општината, времено, односно до крајот на учебната година, ќе се реализира во постојниот објект и по адаптирани наставни програми.

Решението за продолжување на воспитно – образовниот процес во училиштето, на сите ученици и на нивниот мајчин јазик е изнајдено преку дијалог инициран од премиерот Талат Џафери, во координација на Министерството за образование и наука, а со учество на пратеници од сите политички партии, претставници на локалната самоуправа и засегнатите страни за решавање на прашањето“, соопшти Владата.

Претходно медиуми известија дека Министерството за образование и наука же му ги врати ингеренциите на градоначалникот на Општина Чашка.


Слично

Поврзани вести