Влада: Премиерот на митинзи патува со приватни возила
Не е точно дека премиерот и министрите се возат со службени возила за време на предизборната кампања за локалните избори.
Ова го тврдат од кабинетот на премиерот посочувајќи дека информациите се лажни и неточни.
Оттаму децидно велат дека Премиерот Зоран Заев како и сите други министри во владата, на сите партиски активности учествуваат исклучиво по завршување на работните обврски во своите кабинети и не ги користат ресурсите на Владата за овој вид активности.
На вчерашните митинзи во Ресен, Битола и Демир Хисар од Владата истакнуваат дека премиерот користел приватно возило.
Слично
