ВЛАДА ПО БАЈРАМ: Меџити откри која функција ќе му припадне
Новата влада ќе се формира на 19 или 20 јуни. Ова го тврди Изет Меџити од
Демократското движење, кое е дел од Коалицијата „Вреди“.
Меџети денеска потврди дека новата влада ќе се формира по празникот Бајрам, односно на 19 или 20 јуни. Рече дека тој ќе биде прв вицепремиер и министер за екологија, а градоначалникот на Општина Гостивар Арбен Таравари министер за здравство.
Тече рокот од 20 дена за формирање на влада откако во четвртокот мандатарот Христијан Мицкоски го доби мандатот за формирање на влада. Новата влада ќе има 20 министерства, четири повеќе од досега.
Слично
