Економија, финансии, бизнис

Контакт

Влада: Новите директори се само привремени, за постојаните ќе има оглас

Влада: Новите директори се само привремени, за постојаните ќе има оглас

Портпаролот на Владата, Душко Арсовски, на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека поголемиот дел од новоименуваните директори во ротациите кои се вршат во последниот период се само привремени решенија, додека во иднина ќе има назначување на постојани за кои ќе биде распишан оглас.

- Тие се вршители на должност. и се привремено решение. А понатаму секаде ќе има распишување на оглас. За директор на одредена институција треба да се распише. Така беше претходно, така ќе биде и во иднина. Се држиме на определбата дека сите кадри кои извршуваат или ќе извршуваат јавни функции ќе бидат именувани според процедурата. Ние како Влада сме одлучни да се држиме до тој кодекс, рече Арсовски.

На последните неколку седници владата именува нови директори на местото на старите во јавните служби, фондови, дирекции, агенции и инспекторати. Јавноста ги перцепира како ротации и прегрупирања на едни исти функционери без критериуми, додека претходно премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски рекоа дека тие ќе се избираат на распишани конкурси без политизација.

Слично

Поврзани вести