Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЛАДА: Не се откажуваме, ќе има целосно распуштање!

ВЛАДА: Не се откажуваме, ќе има целосно распуштање!

Владата преку соопштение ја убедува јавноста дека нема намера да се откаже од идејата за целосно распуштање на двата главни оравосудни органи - Републичкиот судски совет и Советот на обвинители. 

Претходно меѓународните фактори изразија скептичност во ваквата намера, бидејќи истата би можела да биде злоупотребена за инсталирање на „свои луѓе“ во врвот на правосудството.

Од таму велат дека е потребна итна реформа на овие институции за кои, велат од таму, имаат само два проценти доверба кај јавноста.

- Во државата институциите работат согласно важечките закони и Устав. Сите документи кои произлегуваат задолжително мора да бидат во соодејство на важечките закони и Устав. Владата не се откажува од идејата за распуштање на Републичкиот судски совет и Советот на обвинители што преставува реформа на овие институции за кои јавно повикавме на расправа и ќе потсетиме дека имаат под 2 проценти доверба, брифираат од Владата. 

Според Владата, нивното нераспуштање ќе значи продолжување на агонијата едни послушни кон власта судии и обвинители, по истиот принцип како во минатото да бидат заменети со други. 

Од Влафдата велат дека „нов состав на послушници“ не би било нивна цел, ниту заложба..

-Разбираме дека од распуштањето на овие институции има многумина исплашени и загрижени, но доаѓа време на промени и шанса за професионалните и способни кадри, убедуваат од Владата


Слично

Поврзани вести