Влада на РМ: Ќе го отстраниме и задниот дел од оградата
По спектакуарното отстранување на предниот дел од оградата околу зградата на македонската влада во четвртокот и петокот, од таму најавуваат дека наскоро ќе се извади и задниот дел од страната на кејот на реката Вардар.
Ваквото објаснување следи по загриженоста од страна на граѓаните дека отстранувањето по донесувањето на таквата одлука на владина седница се врши само од популистички побуди, додека задниот дел, оној што не е видлив толку за јавноста засега останува помеѓу бетонските столбови.
„Владата ќе продолжи со отстранување на железната ограда и таа во целост ќе биде тргната во наредниот период. На отстранувањето работи фирма со тековен договор за одржување“, велат од Влада.
Оградата која се постави во 2015-та ќе биде целосно пренесена во депо, а дополнително ќе се одлучи што ќе се прави со неа.
