Влада: Мерките за излез од државата се за да не бидеме извозници на вирусот
Со новата мерка која Владата ја донесе вчера ,а стапува на сила од денеска, за излез од земјата каде било треба да се приложи негативен ПЦР-тест или сертификат дека лицето е прележано од Ковид-19, но само во последните 45 дена, доколку немате сертификат за вакцинација.
Владата дообјаснува дека оваа мерка се носи заради зголемување на имунизацијата и, како што вели прес-службата, да не се гледа на земјата како извозник на вирусот.
„Оваа мерка треба да биде придонес за масовната имунизација, како најсоодветен одговор за спречување на вирусот Ковид-19. Мерката е израз и наша определба да направиме се што е потребно нашата земја да се препознае како земја која води активни политики за имунизација и која не треба да се препознава како земја извозник на вирусот.
Треба да се земе предвид дека постапката за обезбедувањ доказ за вакцинација или за прележан Ковид-19 е вообичаена постапка за проверка на граничните премини при влез во огромен број европски и светски земји, која граѓаните секако треба да ја испочитуваат и оваа мерка во голем процент вече и се спроведува“, рече денеска портпаролот Мухамед Хоџа.
Гласноговорникот додаде дека оваа мерка е донесена по препорака од Комисијата за заразни болести.
