Економија, финансии, бизнис

Контакт

Влада ја разрешува директорката на ИПА-фондовите по само неколку дена откако ја назначи

Влада ја разрешува директорката на ИПА-фондовите по само неколку дена откако ја назначи

Афрона Веризволи по само неколку дена директорување ќе биде разрешена од Владата од позицијата прв човек на Телото за ревизија на ИПА Фондовите.

За да се биде директор на оваа функција потребно е да се има лиценца за ревизор, а дури и самата Европската комисија се посомнева во нејзината компетентност.

Од Владата денес соопштија дека во текот на утрешниот ден таа ќе биде разрешена од местото ревизор на ИПА фондовите.

Вервизоли требаше да биде главна ревизорка на Европските фондови, а опозициската СДСМ денес објави дека таа своевремено работела на шалтер во деловна банка.

- Ја известуваме јавноста дека назначената Афрона Веризволи во текот на утрешниот ден ќе биде разрешена од местото ревизор на ИПА фондовите. Воедно посочуваме дека е потребно и вниманието да се насочи кон отворените злоупотреби на парите од ЕУ и фондовите ставени на располагање кои беа присутни во изминатиов период, а за кој постои и пишан траг и нотификација од Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) кои поради таквото работење побаруваат од државата исплата на неколку милиони евра, брифираат од Владата.

Оттаму наведуваат дека пренасочувањето на вниманието кон други теми го толкуваат „како бегство од одговорност за ваквите злоупотреби“. - Одговорност ќе има, се наведува во информацијата од Влада. 

И од коалицијата ВЛЕН, од каде што доаѓа Вервизоли, соопштуваат дека ќе биде назначено друго лице.

„Ја информираме јавноста дека коалицијата ВЛЕН уште пред неколку дена го повлече именувањето на Афрона Вервизоли како ревизорка на ИПА фондовите. Иако Вервизоли има одлично CV и значително професионално искуство, донесовме одлука таа да биде привремено заменета со друг кадар од нашите редови. Оваа одлука е направена со цел да се осигура дека сите строги стандарди и барања на Европската Унија ќе бидат целосно исполнети, додека Афрона го заврши својот обврска со добивање на сертификатот“, гласи соопштението на коалицијата.


Слично

Поврзани вести