Економија, финансии, бизнис

Контакт

Влада: Информацијата за колку ќе чини новото оружје е јавно достапна

Влада: Информацијата за колку ќе чини новото оружје е јавно достапна

Владата денеска единствено одговори дека „јавно е достапна информацијата“ за тоа колку ќе чинат осумте проекти кои ќе се реализираат преку склучување на договори за набавка на стоки, услуги и работи во областа на одбраната со влади на земји членки на Алијансата а се во согласност со планот на модернизација на армијата.

- Средствата се планирани за 2022 во буџетот за одбрана кој е јавно достапен и е во согласност со долгорочниот и среднорочниот план за одбранбена согласност. Јавно достапна е и информацијата дека во буџетот  за одбрана за 2022 над 30 отсто од средствата се предвидени за модернизација на армијата, рече денеска владиниот портпарол Мухамед Хоџа како одговор на новинарско прашање.

„Планот содржи 8 проекти кои ќе се реализираат преку склучување на договори за набавка на стоки, услуги и работи во областа на одбраната и безбедноста со влади на земји членки на Алијансата, со кои согласно Планот за модернизација на Армијата се предвидени набавки на лесни оклопни возила на тркала (проект во континуитет), специјални возила за посебни намени, артилериски системи 105 мм и муниција 105 мм, ПВО систем на многу мали височини, ремонт на транспортни хеликоптери, опрема за извидување и разузнавање, комплет за контрола на здружен оган Joint Terminal Attack Controler (JTAC) и лесни оклопни борбени возила за специјални сили“, соопшти вчера Владата по одржаната редовна седница.


Слично

Поврзани вести