Економија, финансии, бизнис

Контакт

Влада: Бугарскиот универзитет ќе врши дејност само на некој од светските јазици

Влада: Бугарскиот универзитет ќе врши дејност само на некој од светските јазици

Владата јна вчерашната седница ја усвои одлуката за одобрение за вршење на високообразовна дејност на Великотрновскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ од Велико Трново, Република Бугарија, на територијата на Македонија.

Владиниот портпарол Душко Арсовски на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека бугарскиот универзитет ќе може да ја извршува дејноста само на некој од светските јазици.

- Врз основа на одобрение од Владата на РСМ, по претходно мислење од Одборот за акредитација за високото образование, може на некој од светските јазици да врши високообразовна дејност на територијата на нашата држава, рече владиниот гласноговорник.

Од универзитетот веќе е депонирана банкарската гаранција, а има и свидетелство од националната агенција за оценување и акредитација, како и допис издаден од страна на Агенцијата за квалитет во високото образование.со извештај.

- Со тоа се исполнети законските услови за вршење на дејноста, рече Арсовски.

Слично

Поврзани вести