Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЛАДА: 100.000 евра и тимови за спасување за Албанија

ВЛАДА: 100.000 евра и тимови за спасување за Албанија

Македонија ќе и додели на Албанија од државниот буџет околу 100.000 евра како првична финансиска помош за санирање на последиците од земјотресот. Владата на  денешна седница донела одлука да се издвојат 6 милиони денари, но и друг вид помош

„Како дополнување на помошта за Албанија, кон оваа земја веќе се упатени и тимови за спасување составени од 30 стручни лица кои ќе учествуваат во акциите за спасување и прва помош за граѓаните во настраданите подрачја. Во оваа првична помош е вклучен и посебен тим со механизација која ќе се ангажира во координираните акции за спасување, стои во соопштението.

Албанија ноќеска беше погодена од силен земјотрес со јачина од 6,4 степени. Епицентарот е во близина на Драч, а веќе се потврдени 13 починати. Се јавува дека има уште луѓе под урнатините.


Слично

Поврзани вести