Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вкупно три деца од иста група позитивни на Ковид-19 во Струмица

Вкупно три деца од иста група позитивни на Ковид-19 во Струмица

Уште две деца од истата група од градинката во Струмица се позитивни на Ковид-19, откако во истата претходно заболено беше дете по три дена од нејзиното отворање, потврди директорот Васил Бубев.

„Не може да се потврди дека станува збор за поврзаност со првиот случај на ковид- 19 во групата, бидејќи едното од децата воопшто не се сретнало со првото позитивно дете, додека другото било во контакт само еден ден. Не е исклучена можноста да станува збор за пренос на вирусот од други лица во кругот на семејствата кои можеби се носители на вирусот, но се асимптоматски“, потврди директорот.

Засега не е утврдено од епидемиолозите како се заразиле двете деца и сеца единаесетте деца од оваа група и тројца вработени се во изолација.


Слично

Поврзани вести