Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вкупно осум и пол години затвор за обид за убиство на Никола Тодоров

Вкупно осум и пол години затвор за обид за убиство на Никола Тодоров

Две затворски казни со вкупна должина од осум и пол години му е досудено на дедото на починатата Тамара, Љупчо Стојановски, по обидот да изврши атентат на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.

Седум години и шест месеци затвор е казната која денеска му беше досудена на Стојановски, дедото на малата Тамара, за обид за убиство на екс министерот за здравство Никола Тодоров. 

Претходно во јуни тој беше осуден на ефективна казна од една година за нелегално поседување на оружје.

Судијката Софија Лаличиќ истакна дека судот сочувствува со семејството за загубата на малата Тамара, но додавајќи дека правдата не се добива со ” око за око”‘.

-Обвинетиот посегнал по животот на оштетениот бидејќи го сметал за најголемиот виновник за смртта на Тамара. Но тоа не е патот до правдата. Оштетениот е жив не затоа што обвинетиот не сакал да го убие, туку затоа што Тодоров се наведнал, истакна судијката.

Таа додаде дека обвинетиот се бранел дека само сакал да пука во воздух и да ја пренесе пораката- Да нема повеќе други Тамари!

Судијката констатираше и дека за смртта на Тамара на обвинителна клупа се 12 обвинети, меѓу кои не е Тодоров.


Слично

Поврзани вести