Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вкупно 42 заболени, се чекаат резултати од 22 теста

Вкупно 42 заболени, се чекаат резултати од 22 теста

Министерството за здравство треба денеска да ги соопшти резултатите од нови 22 теста кои се работеа вчера доцна во ноќта. 

Тие се во рамки на скринингот кој го прави Министерството. Министерот Венко Филипче доцна вечерта објави дека во рамките на процесот за ран скрининг на заболени од коронавирус кој започна во неколку општини, попладнето биле направени 30 тестови со поширока индикација и дополнителни 8 кои пристигнале преку Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

„Од 38 тестирани, позитивни на коронавирус се 7 лица, 3 од Дебар и 4 од Скопје.


Во текот на денешниот ден се регистрирани вкупно 11 нови случаи на коронавирус. Со ова, бројката на заболени од вирусот во земјата, состојба до 21:00 часот, изнесува 42. Состојбата на сите пациенти е стабилна. Двајца од заболените имаат средно изразена пневмонија, соопшти Филипче. 

Слично

Поврзани вести