Вкупниот надворешен долг ја проби бариерата од 5 милијарди евра
Надворешниот долг надмина 5 милијарди евра. Заклучно со октомври 2012 та вкупниот надворешен долг изнесува 5,07 милијарди евра, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Речиси 1,6 милијарди евра кон странство должи само државата.
Споредбената анализа покажува дека позначајно зголемување на долговите кон странство има кај државата и кај монетарната власт, или надворешната задолженост само на државата во септември во однос на месецот претходно пораснала за 108 милиони евра.
- Бруто надворешен долг
- држава 1,6 милијарди евра
- монетарна власт 344,5 милиони евра
- банкарски сектор 565,2 милиони евра
- приватен сектор 1,6 милијарди евра
Слично
