Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Визер“ лета од Скопје до Париз

„Визер“ лета од Скопје до Париз
Нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ од денеска два пати неделно лета на релација Скопје-Париз. Ова е прва директна авиолинија меѓу Скопје и главниот град на Франција, а летовите ќе се изведуваат во понеделник и петок, од аеродромот „Александар Велики“. Цената на билетот до Париз во еден правец е од 30 до 70 евра, во зависност од тоа дали билетот го резервирате во последен момент или повеќе дена однапред. „Визер“ наскоро најавува директни летови и за Франкфурт и Брисел. Оваа авиокомпанија воведува и лето до Келн, два пати неделно, во понеделник и петок, а цената на авиобилетот до овој германски град е 29,99 евра.    
Слично

Поврзани вести