Вистинска зима: Среда 21 Јануари во Македонија ни носи снег и снежна покривка
Денот среда 21 Јануари ни носи снег во поголем дел од Македонија и снежна покривка и во градовите особено во западна и во југозападна Македонија каде снежната покривка во градовите ќе биде со висина од 5 до 10 сантиметри. На повисоките и планинските места таа ќе биде поголема и позначително ќе се зголеми, вели метеорологот Славчо Попоски.
„Послаби врнежи од дожд и снег или влажен снег ќе има и во Скопје и околината а на околните повисоки места и на планините ќе врне само снег. Ќе дува источен и југоисточен ветер кој особено во Повардарието ќе засилува на интензитет.
На ден среда 21 Јануари наутро температурата ќе се спушта во интервалот од -7 до 1 степен а преку денот таа ќе се искачува во интервалот од -2 до 5 степени. Во Скопје и околината температурата во среда на 21 Јануари наутро ќе се спушти до околу -4 степени а преку денот таа ќе се искачи до околу 2 степени.
Поради очекуваните пообилни врнежи од снег во Македонија на ден 21 Јануари среда апелирам возачите да бидат крајно внимателни особено доколку поминуваат низ планинските превои каде поради ниските температури ќе има појава на голомразица“, објави тој.
