ВИСТИНСКА ЗИМА ОД ЈАНУАРИ - што говорат прогнозите
Последниот месец од годинава, декември, ќе биде благ со температури кои се нешто над просекот за овој период од годината. Љубителите на снегот, тешко дека ќе му се израдуваат. Вакви се прогнозите на временскиот портал AccuWeather .
За регионот во кој што влегува и Македонија, според прогнозите се очекува декември да има просечна температура со околу степен и половина над просекот.
Постои и можност на повремено спуштање не екстремно студени воздушни маси од Арктикот, кој би ги симнале температурите на воздухот и под 20 степени, што се смета за сосема нормална појава за нашиот дел од Европа во текот на зимскиот период.
Исто така со спуштањето на студените воздушни маси од Арктикот и северот и од североисток од Европа и судирајќи се со топлите морски воздушни струење над нашите краишта, може да се формираат циклонски системи кои условуваат врнежи од снег и вистинска снежна бајка, но ова ќе се случува во првите месеци од следната година.
За Нова година се очекува поприлично топла ноќ, па наместо снег граѓаните можат да очекуваат дождлив ден.
Долгорочните прогнози укажуваат дека оваа зима ќе биде мека, со невообичаени и натпросечни температури.
Што се однесува до снегот, се очекува тој да се појави некаде во втората половина од декември, односно во периодот од 24 до 26 декември. Но, не се очекува да се формира снежна покривка.
Се на се, вистинската зима не очекува дури во јануари, говорат прогнозите.
