ВИСТИНСКА ПРОЛЕТ ВИКЕНДОВ, А ЛАДЕН БРАН ОД ЕВРОПА НАРЕДНАТА НЕДЕЛА: Сув студ не чека од понеделник
Во текот на викендов ќе имаме вистинска пролет со температури над 10 степени. Според прогнозата на УХМР денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност која попладне ќе се зголеми. Ќе дува слаб претежно северен ветер. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла.
Во Скопје претпладне со појава на магла, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност поголема од пладневните часови. Ќе дува слаб променлив ветер. Во делови од Македонија ќе бидат измерени над 15 степени.
Според метеопрогнозерот Славчо Попоски, наредната седмица ќе биде многу поладна за разлика од оваа.
-Многу поладен бран од исток и североисток на Европа ќе продре до нашите краишта, сепак некои обилни врнежи од снег овој пат нема да има, што значи ќе имаме претежно сув студ и ќе бидеме под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон), прогнозира Поповски.
