ВИСТИНСКА ДРАМА СЕ СЛУЧУВАЛА НА ШАПКА: Семејство со две малолетни деца поради снежни навеви заглавило во викендичка, еве како се извлекле
Вистинска драма се случувала вчера на Попова Шапка.
Имено, едно семејство со две малолетни деца било буквално отсечено во својата викендичка, во која веќе снемачло и струја, а снемувале и резрви со храна и греење.
Потоа, полицијата заедно со општинските служби, ангажирале потребна механизација и ги евакуирале лицата, по што тие си заминале кон Скопје.
„Вчера (25.01.2021) во 12 часот и 40 минути, Б.А.(35) од Скопје во СВР Тетово пријавил дека поради големи снежни навеви, бил отсечен пристапот до неговата викендичка на Попова Шапка, во која се наоѓале и сопругата и двете малолетни деца и дека поради тоа тие не се во можност да излезат надвор и да заминат кон Скопје. Б.А., исто така, кажал дека во викендичката немаат електрична енергија и дека веќе немаат резерви од храна и огрев. Веднаш по пријавата, полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка се упатиле кон викендичката за да ги евакуираат лицата, а во меѓувреме во координација со локалната самоуправа е ангажирана и потребната механизација за пробивање на пат, по што лицата со возило на Секторот за внатрешни работи Тетово се пренесени до нивниот дом во Скопје“, се вели во соопштението од Полицијата.
Слично
