„ВИСТИНАТА Е КАКО ШИЛО, ВЕРУВАМ ДЕКА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ НА ПОВРШИНА“: Поранешната прва антикорупционерка вели дека многу и е тешко
Поранешната прва антикорупционерка, Билјана Ивановска, во синоќешното гостување на Вин Вин на Телма, рече дека ѝ е многу тешко за ДКСК и за нејзиното реноме бидејќи, како што додаде, во институцијата е вложен многу труд за да биде изградена, но и за да се изгради довербата кај граѓаните дека постои независно тело до кое може да се обратат, да достават претставки или да поднесат предмети.
Нејзиниот став доаѓа откако ОЈО ГОКК за сегашната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска, покрена истрага во рамки на предметот „Адитив“, а Основниот кривичен суд Скопје и определи мерки на претпазливост.
Ивановска рече дека ѝ е многу тешко за ДКСК и за нејзиното реноме бидејќи, како што додаде, во институцијата е вложен многу труд за да биде изградена, но и за да се изгради довербата кај граѓаните дека постои независно тело до кое може да се обратат, да достават претставки или да поднесат предмети.
„Не знам и не можам да коментирам во која насока се одвива истрагата. Во секој случај, ќе кажам дека многу, многу непријатно чувство. Вистината е како шило, верувам дека ќе излезе на површина, не сакам ништо да прејудицирам, но како и да е, во секој случај Собранието е тоа коешто ги избира кандидатите за членови на Комисијата, мислам дека треба да го зајакне својот надзор врз работењето на овие независни тела“,рече Ивановска во гостувањето на ТВ Телма.
Актуелната прва антикорупционерка е осомничена дека преку апликации за пораки му оддавала службени тајни на друг обвинет во случајот. Во рамки на истрагата, судот ѝ го одзеде пасошот на претседателката на ДКСК – определени и други мерки на претпазливост
