Економија, финансии, бизнис

Контакт

Високите температури се враќаат деновиве

Високите температури се враќаат деновиве

Повторно се враќаат високите температури во земјава. 

Дневните температури ќе бидат во пораст, а особено топло се очекува да биде кон средината на следната седмица.  Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, со слаб до умерен ветер од северен правец и максималната температура од 27 до 35 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Температирата ќе се движи до 32 степени и УВ-индекстот со вредност 8.

Претходно во земјава во почетокот на месецот имавме температури околу 40 степени. Потоа имавме период со локални врнежи. Познати европски метеоролози прогнозираа дека овој месец јули ќе биде за 3 степени потопол од просекот. 

foto unsplash

Слично

Поврзани вести