Економија, финансии, бизнис

Контакт

Високите функционери за кои се води истрага се именувани во август

Високите функционери за кои се води истрага се именувани во август

Владините функцинери за кои премиерот пред два дена откри дека се води истрага, се именувани во месец август.

Ова денеска од Будва го откри премиерот Зоран Заев каде што учествува во регионалната Економска конференција на Црна Гора 2017.

Премиерот не сакаше да дава повеќе детали, бидејќи и не смееше.

Сепак, рече дека станува збор за два случаи кои кои се веќе пријавени од граѓани и се процесуирани во постапка на истрага за луѓе што се именувани од оваа влада и тоа почетокот на месец август. Јас само тоа ќе го повторам, ако тоа некој добро го чита, ќе знае дали се работи за министри, директори или слично. 

Заев посочи дека оценка на истражните органи е да оценат дали овие луѓе се виновни или не.

Да потсетиме дека на почетокот на месец јуни беа избрани министрите во Владата, додека нивните заменици беа избрани дваесетина дена покасно.

На почетокот на август пак имаше владини седници на кои што се именуваа директори на органи, државни управи и казнено поправни установи што се во надлежност на владата.


Слично

Поврзани вести