Високи претставници од ДУИ ќе „пуштаат“ во употреба нова спортска сала во Струга
Високи претставници на Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска ќе ја посетат општина Струга.
Како што информира партијата, предвидено е вицепремиери, министри, заменици-министри и државни секретари од ДУИ во Владата да присуствуваат на пуштањето во употреба на новата спортска сала во средното училиште „Нико Нестор“, а потоа да го посетат и новото училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга.
Најавени се и посети на компаниите „Набизи“ и „Инг Лули“ (14:00), како и посети на населените места Подгорци, Лабуништа, Велешта, Делогожда и Ладовишта.
Слично
