Високи екс функционери на МВР на тапет на Зврлевски
Обвинителството под директива на Зврлевски отвора истрага против високи функционери на МВР за изборни измами.
Ова станува јасно од денешното соопштение кое осамна на страната на Основното јавно обвинителство.
Според информацијата проследена до медиумите, ОЈО работи на предистражни постапки за утврдување на постоење на основи на сомневање за организирано извршени кривични дела против изборите и злоупотреби на службените овластувања во вршење на функцијата од страна на поранешни високи функционери на МВР на РМ и други физички и правни лица од Скопје, Куманово и Струмица.
ОЈО потенцира дека лицата кои што се под лупа на Зврлевски се вршеле влијание врз начинот на гласањето преку различни форми за време на изборите, со што ги сториле кривичните дела.Во соопштението на Јавното обвинителство и не се наведува конкретно за кои лица станува збор, но медиумите брифираат дека се работи за политичка партија.
