Економија, финансии, бизнис

Контакт

Висок УВ индекс: Еве колкави температури не очекуваат

Висок УВ индекс: Еве колкави температури не очекуваат

Денес не очекува висок УВ индекс.

Според синоптичарите денеска не очекува претежно сончево и топло време, попладне со изолиран развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

УВ индексот ќе биде многу висок и ќе изнесува 9.

Дневните температури на воздухот ќе се движат во интервал од 27 до високи 37 степени целзиусови. Најтопло се очекува денеска да биде во југоистокот од државата.

Во главниот град според метеоролозите се очекува исто така сонце и многу топло време со високи максимални 34 степени. Претпладне со услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.

Следува период на претежно сончево и топло време.

Во четврток и во сабота во попладневните часови локално ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

Слично

Поврзани вести