Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИСОК ГОСТИН ДОАЃА ВО ПОСЕТА: Пред Собрание спремен црвен тепих за Соботка

ВИСОК ГОСТИН ДОАЃА ВО ПОСЕТА: Пред Собрание спремен црвен тепих за Соботка

Црвен тепих пред Собрание, високо полициско обезбедување и хаотично во Центарот на Скопје. Ваква е глетката во моментов во главниот град каде се е подготвено за посетата на Волфганг Соботка .

Претседателот на Националниот совет на Република Австрија доаѓа во официјална посета на Македонија.

Според најавите, тој во 10:15 часот ќе се сретне со претседателот на македонското Собрание Талат Џафери а после половина час ќе се потпише во  книгата за впечатоци и ќе даде изјава за медиумите.

Во 11:05ч според агендата Соботка ќе има средба со  претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика Антонио Милошоски и членовите а веќе напладне ќе се обрати на 63. пленарна седница.

Волфганг Соботка е австриски наставник, диригент и политичар. Од 20 декември 2017 година е претседател на Австрискиот национален совет. Од 2016 до 2017 година тој беше австриски министер за внатрешни работи. 

Слично

Поврзани вести