Висар Вишка ќе биде советник во Министерството за култура
Актерот Висар Вишка ќе биде советник во Министерството за култура, откако функцијата министер во оваа институција ја презема Асаф Адеми од Беса.
На социјалните мрежи вчера се појави и заедничка фотографија на Вишка и Адеми од министерскиот кабинет. Актерот вчера присуствуваше и на прес-конференцијата кога новиот министер ја презема функцијата од сега веќе поранешниот министер Роберт Алаѓозовски.
Вишка неодамна во јавноста беше присутен како еден од предводниците на неколкуте протести за правда за четиригодишниот Алмир Алиу кој беше прегазен во Куманово.
Слично
