Висар Вишка го поддржа Асаф Адеми: Комисиите беа само про форма
Актерот Висар Вишка, инаку советник на министерот за култура Асаф Адеми, се стави во негова одбрана со коментар дека распределбата на парите за проекти во културата не може да биде совршена кога за нив одлучуваат луѓе. Тој тврди дека комисиите оваа година одлучувале целосно независно за тоа кои проекти и со колку финансиски средства да се поддржат за разлика од порано.
“Некои уште сакаат диктатура каде што еден
центар, еден грст луѓе врзани ко црева меѓусебно одлучуваат за судбините на сите
уметници во МК. Комисиите беа само про форма. Никогаш не може да биде совршено
кога е човечки фактор. Но сега комисиите имаа тотална слобода на одлучување. И се
разбира ваше право е да се пожалите на нивната одлука. Со аргументи.
Силата на аргументите а не аргументот на силата”, вели специјалниот советник и актер
Висар Вишка.
Културната јавност врие од негативни реакции по објавената Годишна програма за култура во петокот. Незадоволни издавачи, писатели, раководители на театри, уметници реагираат на социјалните мрежи, а најавуваат и дека официјално ќе реагираат до ресорното министерство. Врвни фестивали, на пр., Скопскиот џез-фестивал воопшто го нема во одобрените проекти. Во драмската дејност, програмата вели дека театри со повеќе од шестдецениска традиција добија смешни буџети од 500.000 денари за да направат претстава

