Економија, финансии, бизнис

Контакт

Висар Ганиу отпадна, Изет Меџити кандидат за градоначалник на Чаир

Висар Ганиу отпадна, Изет Меџити кандидат за градоначалник на Чаир

Коалицијата „Влен“ официјално потврди дека за градоначалник на Чаир ќе биде кандидиран вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити. Тоа значи дека отпаѓа актуелниот градоначалник Висар Ганиу, кој беше на особен удар на скопската градоначалничка Данела Арсовска за големиот број на илегални згради со диви приклучоци.

Меџити беше првиот градоначалник на општина Чаир во сегашните граници и таа функција, но како претставник на ДУИ, ја вршеше во три мандати, од 2005-та до 2017-та. Сега за првпат ќе биде кандидат за градоначалник на ВРЕДИ и ќе се бори да го победи Бујар Османи од ДУИ. .

„Влен“ во Кичево ќе оди со министерот за Социјална политика, Фатмир Лимани. Коалицијата која е дел од владата ќе има и кандидат за град Скопје, директорот на Дирекцијата за општи услуги во Универзитетскиот клинички центар во Скопјe, Башким Бакиу. Бакиу беше кандидат пред 8 години во Сарај.

Во Тетово, кандидат е лидерот на Беса, актуелниот градоначалник Билал Касами додека во Струга, ВРЕДИ ќе го подржи независниот Менди Ќира, инаку познат бизнисмен со градење на станови.

 Во Дебар, кандидат на ВЛЕН ќе биде заменик-директорот на Управата за јавни приходи, Фисник Мела.

Во Сарај, кандидат на ВЛЕН ќе биде директорот на претпријатието „Номагас“, Мухамед Елмази.

Во Липково, ВЛЕН го кандидира директорот на Државните резерви на нафта, Неџмедин Садику.

Во Теарце ќе се кандидира директорот на Бирото за регионален развој, Даут Мемиши.

Во Брвеница, ВЛЕН го кандидира директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа, Хаќим Рамадани.


Слично

Поврзани вести