ВИРУСОТ ЗЕМА ЗАМАВ: За еден ден 805 новозаболени, 10 лица ја изгубија битката со Ковид-19
Во последните 24 часа се направени 6.980 тестирањa, а регистрирани се 805 нови случаи на КОВИД-19, информира Министерството за здравство. Најмногу новозаболени има во Скопје 240, па следуваат Гостивар – 138, Тетово – 136, Куманово – 53, Струмица – 50, Кичево – 46, Охрид – 32, Дебар – 18, Битола и Струга – по 15, Велес – 13, Кавадарци – 9, Прилеп и Свети Николе – по 7, Штип – 6, Кочани, Ресен и Радовиш – по 4, Берово и Виница – по 2, Валандово, Демир Хисар, Кратово и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани сe 77 оздравени пациенти, а пријавени се 10 починати лица: 4 починати лица од Тетово кои имале 53 години, двајца со 72 години и еден е 73 години. Двајца починати се од Кичево (28 и 53 години ), и по едно починато лице од Гостивар (44 години), Скопје (56 години), Дебар (86 години) и Куманово (60 години). Сите починати лица се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 162.164 бројката на оздравени пациенти е 150.851, на починати е 5.552, а бројот на активни случаи изнесува 5.761.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 70798, активни 1894
Куманово 9302, активни 361
Прилеп 8382, активни 48
Тетово 8619, активни 1207
Битола 6451, активни 124
Велес 5534, активни 55
Гостивар 6057, активни 776
Кавадарци 5215, активни 53
Охрид 5171, активни 150
Штип 5010, активни 42
Струмица 4381, активни 240
Струга 3110, активни 127
Кочани 2842, активни 41
Кичево 2928, активни 309
Гевгелија 2200, активни 3
Неготино 2186, активни 2
Свети Николе 1546, активни 18
Ресен 1268, активни 34
Крива Паланка 1232, активни 5
Радовиш 1198, активни 33
Берово 1065, активни 27
Делчево 985, активни 11
Дебар 1085, активни 120
Виница 908, активни 20
Пробиштип 791, активни 2
Валандово 689, активни 19
Богданци 494, активни 0
Крушево 490, активни 0
Демир Хисар 402, активни 2
Демир Капија 399, активни 3
Кратово 378, активни 1
Македонски Брод 383, активни 23
Пехчево 282, активни 9
Македонска Каменица 250, активни 1
Дојран 133, активни 1
