ВИРУСОТ ЗЕДЕ УШТЕ ЕДЕН МЛАД ЖИВОТ: Почина 27-годишник од Куманово
Дваесет и седумгодишно лице почина на Инфективната клиника во Скопје како резултат на компликации од ковид-19.
Од Министерството за здравство соопштуваат дека пацинетот бил примен во исклучително тешка состојба.
Пред да биде донесен на Клиниката, шест дена се лекувал дома, четири дена бил под надзор на матичен лекар, а два дена бил лекуван амбулантски во Кумановската болница.
„Поради нагло влошување на состојбата и пад на сатурацијата до 50 проценти пациентот е префрлен на Клиниката во Скопје во исклучително тешка состојба, каде беше ставен на неинванзивна вентилација. Пациентот немаше хронични заболувања освен покачена телесна тежина“, стои во одговорот на Министерството за здравство.
Слично
