Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИРТУЕЛЕН СOСТАНОК НА НАТО: Димитров ќе дискутира за борбата со Ковид 19

ВИРТУЕЛЕН СOСТАНОК НА НАТО: Димитров ќе дискутира за борбата со Ковид 19

НАТО ќе дискутира за состојбата со Ковид-19, а Mакедонија ќе биде на „онлајн маса“ како полноправна членка. 

Вакво нешто се случува за прв пат во 70 годишната историја на НАТО. 

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека состанокот ќе се одржи преку видео-врска со висока безбедност.

Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров ќе учествува на овој настан.

„Од другите теми ќе бидат опфатени прашањата во врска со состојбите и ангажманите на Алијансата во Авганистан, пошироката област на Блискиот Исток и Северна Африка, а ќе бидат разгледани и можностите за конкретен придонес за подобрување на состојбите во Сирија. Предвидено е министрите да одобрат и неколку усогласени документи во врска со темите што се предмет на дискусија во рамки на НАТО“, велат од МНР.

Сите 30 членки ќе разговараат за борбата со пандемијата. 

Македонското знаме во понеделникот беше подигнато пред седиштето на НАТО во Брисел. Нашата земја е 30-та членка на Алијансата. 

Слично

Поврзани вести