Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИНСКАТА ИНДУСТРИЈА ВО МАКЕДОНИЈА ПРАВИ ГОДИШЕН ОБРТ ОД 65 МИЛИОНИ ЕВРА: „Тоа е малку“- Дане Јованов Хермес во Бизнис Муабети на Фактор

ВИНСКАТА ИНДУСТРИЈА ВО МАКЕДОНИЈА ПРАВИ ГОДИШЕН ОБРТ ОД 65 МИЛИОНИ ЕВРА: „Тоа е малку“- Дане Јованов Хермес во Бизнис Муабети на Фактор

Во серијалот „Бизнис муабети“ на Фактор гостува Дане Јованов, познат и како Дане Хермес, за една од најзначајните гранки на македонската економија – винската индустрија.

Македонија има долга винска традиција, а македонските вина сè почесто добиваат признанија на меѓународната сцена. Но, колку навистина оваа индустрија придонесува за економијата?

Колку винската индустрија е значајна за Македонија? Колку сме далеку од светските вински центри? Колку годишно се пие вино во Македонија? Колку пари врти винската индустрија?

Сите овие прашања ќе бидат отворени во утрешниот поткаст со Дане Хермес кој  одлично го познава винскиот бизнис. 

Во моментов произведуваат 30.000 шишиња, но планот е во наредниоте три години производството двоно да се зголеми.


Говори и за најскапите вина во светот, вели дека тие се од винариите од Бордо, а едно шише достигнува цена и до 4.000 евра. 

Винската индустрија во Македонија прави годишен обрт од 65 милиони евра, што според овој бизнисмен е малку, а како што појаснува од лозарството во земјава живеат 10.000 семејста, или ако секое брои четири члена, тогаш станува збор за 40.000 луѓе, или еден помал град.


Виното, веднаш после тутунот во Македонија е вториот најизвезуван производ кој учествува во домашниот бруто производ.


Дане Јованов појаснува и како се оценува виното, бојата е една од најзначајните каракеристики, без разлика дали станува збор за бело или црвено вино....


Слично

Поврзани вести